Почитувани граѓани, пристигна историска одлука од Стразбур. По цели 25 години, денес Парламентарното Собрание на Советот на Европа (PACE) го затвори пост-мониторинг дијалот со Македонија, објави на својот Фејсбук профил пратеничката, Марија Петрушевска.

PACE потврди дека е постигнат значителен напредок во градењето на демократски институции, унапредување на човековите права, владеењето на правото и борбата со корупцијата, медиумите, граѓанскиот сектор и локалната демократија. Дополнително, во консултациите направени од страна на Известувачите со институциите на Брисел, се дава поддршка на препораката за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Македонија. За споредба земјите од регионот: Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина се во мониторинг или пост-мониторинг дијалог, додека Бугарија иако земја членка на ЕУ пост-мониторинг дијалогот го затвори само пред 4 месеци. Како Шеф на Собраниската Делегација при Парламентарното Собрание на Советот на Европа упатувам благодарност до Владата и Премиерот Hristijan Mickoski министерот за надворешни работи Timco Mucunski колегите пратеници од македонското Собрание и заменичката шеф на Делегацијата Ivanka Vasilevska пратениците од Парламентарното Собрание на Советот на Европа во Стразбур, Известителите Сибел Арслан и Џозеф О’Рајли, Постојаната мисија на државата во Советот на Европа, собраниската служба и до сите соработници за поддршката, придонесот и соработката за овој историски успех. Македонија заслужува успеси. Граѓаните заслужуваат победи и дома и надвор. Честитам! Истакна Петрушевска.

Exit mobile version