Close Menu
Press24
    Најново

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Времето денеска сончево и топло со температури до 36 степени, од утре попладне можно невреме со град

    Времето денеска сончево и топло со температури до 36 степени, од утре попладне можно невреме со град

    08.09.2026 во 10:061 Min Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека максималните температури ќе се искачат до 36 степени.

    Според прогнозата на УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје се очекува слично време со слаб до умерен ветер од јужен правец, каде што утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 36 степени.

    Стабилното време ќе се задржи и во текот на утрешниот ден и задутре претпладне, кога ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Сепак, од утре попладне се очекува промена на временските прилики.

    Метеоролозите за попладневните часови најавуваат локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а атмосферата ќе биде подложна на подраматични процеси.

    – Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи.

    Од УХМР дополнуваат дека ваквиот тренд ќе продолжи и до крајот на оваа седмица, кога наместа ќе има услови за локална нестабилност, исто така проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

    Прочитај повеќе

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.