Времето денеска претежно облачно со повремен дожд, соопшти УХМР.
Се очекува на одредени места врнежите да бидат поројни и пообилни со над 30 литри дожд на метар квадратен во текот на 24 часа. Не се исклучува ниту можноста за појава на грмежи.
Температурите ќе се движат во рамки на интервалот од 14 до 18 степени за максималната дневна, додека минималната ќе биде од 7 до 12 степени. Ветерот ќе биде слаб до умерен, претежно од јужен правец.
Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи, кои се очекува да бидат пообилни во попладневните часови. Минималната температура ќе изнесува 10, а максималната ќе достигне до 17 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Според најавите од УХМР, веќе утре во претпладневните часови ќе има само локални врнежи од дожд. Во текот на утрешниот ден ќе почне да дува умерен, а во Повардарието и засилен северен ветер. Потоа, до крајот на неделата се очекува стабилизација на времето. Ќе биде стабилно и суво, но со значително пониски утрински температури.

