Временска прогноза: Сончево со температура до 37 степени, попладне пороен дожд и грмежи

 

Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Времето и утре ќе биде многу топло, попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, како и услови за изолирана појава на град. Во текот на следната работна седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Температурата ќе биде во опаѓање, информираат од УХМР. 

04.06.2022 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега