Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во близина на Будва: Се запали туристички брод
    • Николоски: Првите 30 електрични еколошки автобуси пристигнуваат порано од предвидениот рок
    • Ескалација во Тирана: Нападната полициска зграда – нови судири меѓу полицијата и демонстрантите, оган од сите страни
    • Дрон удри во детски парк во Харков – меѓу загинатите се едногодишно бебе и нејзината мајка
    • Времето вечерва: УХМР ги објави температурите во 20 часот
    • Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 се гарантира опстојот и безбедноста на Македонија
    • Откриена нелегална фабрика за цигари, 34 работници биле држени во заложништво во Словенија
    • Апсења во повеќе градови во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вреди: Зијадин Села – жеден си за внимание

    Вреди: Зијадин Села – жеден си за внимание

    30.10.2025 во 12:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Коалицијата ВЛЕН остро реагира на обидите на Зијадин Села да создаде впечаток за тензична состојба во Струга, оценувајќи дека такви ситуации не постојат и не можат да постојат.

    „Обидите да се создаде ситуација во Струга, каде што навистина го нема и не може да има, се разочарувачки и се поврзуваат со коалицијата која со право го носи името на агонизирачкото трио Ахмети, Таравари и Села,“ стои во соопштението на коалицијата Вреди.

    Од ВЛЕН нагласуваат дека секој обид да се поврзе коалицијата или кандидатот што го поддржуваат, Менди Ќира, со каков било вид на „вештачка тензија“ е неточен и политички нелогичен.

    „Зошто коалицијата или кандидатот кој е фаворит за победа на изборите на 2 ноември би создавале тензии?“ прашуваат од ВЛЕН, додавајќи дека ваквите обвинувања се дел од очајна стратегија на противниците.

    „Политичката логика е едноставна – оној што е во очај се обидува да создаде непостоечки ситуации за да се претстави како жртва во очите на гласачите. Тоа е стратегија што оди во прилог на кандидатот на Зијадин Села и Левица, Арсим Далипи,“ додаваат од коалицијата.

    Во соопштението понатаму се наведува дека соработката меѓу НАИ и Левица е очигледна, како во Тетово, така и во Струга.

    „Затоа, овие обиди за создавање конфузија се залудни и разочарувачки,“ порачуваат од ВЛЕН.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 се гарантира опстојот и безбедноста на Македонија

    19.10.2026 во 20:50

    Детали за новите правила за правосуден испит: Шасивари најави консултации со факултетите и студентите

    19.10.2026 во 16:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.