Првата јавна градинка во Теарце ги отвори вратите. Во Куманово е пред завршување новата гимназија „Сами Фрашери“. Две долгоочекувани инвестиции за децата, учениците и нивните семејства.

Градинката „Фолеја“ во Пршовце, со инвестиција од над 800 илјади евра, има капацитет за 147 деца. Родителите кои до вчера мораа да бараат решенија за згрижување на своите деца, сега ја имаат градинката во својата општина.

Градоначалникот на Општина Теарце, Даут Мемиши, вети дека градинката ќе биде отворена и го одржа ветувањето. Со неговиот континуиран ангажман, соработката со централните институции и поддршката од Европската Унија, „Фолеја“ сега ги пречекува децата.

Во Куманово повеќе од 20 години се чекаше на ново училиште. Генерации албански ученици ја започнуваа и ја завршуваа гимназијата без условите што ги заслужуваа. Но, сега новите генерации ќе учат во современо и модерно училиште.

Дритон Сулејмани, заменик-министер за образование, и Венера Азизи, портпаролка на Владата, одблизу ги следеа градежните работи. Ангажманот продолжува сè до влегувањето на учениците во новите училници.

Образованието за ВЛЕН има национално значење. Секоја генерација која се образува подобро нè прави посилни како општество. ВЛЕН на дело.

Exit mobile version