Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВРЕДИ: „Охридско лето“ е мост меѓу културите и народите

    ВРЕДИ: „Охридско лето“ е мост меѓу културите и народите

    13.07.2026 во 09:481 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Културата е еден од најважните столбови на идентитетот и дијалогот меѓу народите, а настаните како „Охридско лето“ сведочат дека уметноста има моќ да ги обединува луѓето без оглед на разликите, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

    -Отворањето на 66. издание на меѓународниот фестивал „Охридско лето“, со величествениот настап на светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо, придружувана од Оркестарот на Операта и Балетот, означи достоинствен почеток на еден од најзначајните културни фестивали во Северна Македонија и регионот, велат тие.

    Додаваат дека „Охридско лето“ не е само фестивал, туку традиција и вредност која со децении гради мостови меѓу културите, народите и генерациите. Во текот на 40 фестивалски денови ќе бидат реализирани околу 50 уметнички програми од областа на класичната музика, џезот, балетот и театарот, со учество на повеќе од 700 афирмирани уметници од 24 земји од светот.

    -ВРЕДИ останува посветен на унапредувањето на културата и поддршката на иницијативите што ги промовираат уметничките вредности, културниот дијалог и претставувањето на нашата држава на меѓународната сцена. Посакуваме 66. издание на „Охридско лето“ да донесе незаборавни уметнички доживувања и уште еднаш да ја потврди улогата на културата како мост на соработка и меѓусебно разбирање меѓу народите, велат од партијата.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет

    06.10.2026 во 12:04

    Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница

    06.10.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.