Изразуваме длабоко жалење за настанот што се случи во Куманово, при што е повреден д-р Зекрија Шаини, велат од Вреди во писмено соопштение испратено до медиумите.
„Како коалиција, најостро ја осудуваме секоја форма на насилство и упатуваме апел за смиреност, воздржаност и почитување на надлежните институции кои треба целосно да го расветлат случајот.
Насилството нема место во нашето општество, а ниту една околност не може да биде оправдување за дела што го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните.
Апелираме до истражните органи што побрзо да ги откријат мотивите и сторителите на овој чин, и повикуваме ваквите случаи да не се злоупотребуваат за политички цели“, велат од Вреди.
Актуелно
- (ВИДЕО) Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди Филипините, има жртви – наредена евакуација
- ТАВ Македонија и Црвениот Крст донираа 110 оброци за бездомници во Скопје
- Судот го спаси газда Марковски од притвор – обвинителството се плаши дека ќе бега, имал многу имот во странство
- РКЕ ги издаде првите лиценци за батериски системи: Започнува нов инвестициски циклус во енергетиката
- Масовна тепачка во позната скопска кафеана
- Салиу: Шуто Оризари заслужува безбедни улици
- Дај 300.000 евра или ќе те убијам: Сериозни закани за познат скопски бизнисмен
- (ФОТО) Герасимовски: За странските дипломати мора да важат истите прописи за паркирање како и за сите други граѓани во Центар