Изразуваме длабоко жалење за настанот што се случи во Куманово, при што е повреден д-р Зекрија Шаини, велат од Вреди во писмено соопштение испратено до медиумите.
„Како коалиција, најостро ја осудуваме секоја форма на насилство и упатуваме апел за смиреност, воздржаност и почитување на надлежните институции кои треба целосно да го расветлат случајот.
Насилството нема место во нашето општество, а ниту една околност не може да биде оправдување за дела што го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните.
Апелираме до истражните органи што побрзо да ги откријат мотивите и сторителите на овој чин, и повикуваме ваквите случаи да не се злоупотребуваат за политички цели“, велат од Вреди.
Актуелно
- ЈСП утре ќе сообраќа по неделен возен ред
- Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
- Пронајден починат маж пред поликлиника Ченто
- Уапсен кумановец на меѓународниот аеродром во Скопје
- Томовски до АКТ СДСМ: Ме клеветите – ќе Ве тижам
- Келог: Мировниот договор за Украина е „на последните 10 метри“
- Се заборавиле со алкохолот: Уапсени повеќе пијани возачи
- СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Сите ќе одговарате – ќе го објавиме целиот систем на лаги

