„Вреди“: Иџет Мемети и Наќе Георгиев се персонификација на октоподот на криминалот и корупцијата во судството

 

ДУИ и нејзините сателити веќе една недела молчат за случајот со Иџет Мемети и Наќе Георгиев, нивни кадри кои се фатени на дело со корупција и соработка, велат од партијата „Вреди“.

„Овој случај јасно покажува како функционира октоподот на криминалот и корупцијата во оваа држава. Прво се негираат обвинувањата, а потоа, кога не можат да ги сокријат доказите, тука е „абазиското“ обвинителството за да ги среди работите“, посочуваат оттаму.

Му упатуваат јавно прашање на обвинителот Ислам Абази: Дали треба да има олеснителни околности за лица кои требало да ја спроведат правдата?

„Иџет Мемети, кој имал важни позиции за време на 22-годишниот режим на ДУИ, и Наќе Георгиев, судија на Врховниот суд, се персонификација на октоподот на криминалот и корупцијата во судството.
Како коалиција, со право поставуваме јавни прашања:
1. Колку други случаи ДУИ организирала со овие два лица кои сега се познати за нас?
Кога ДУИ зборува за пријавување на криминалиите во обвинителство, секогаш се потпира на своите луѓе инсталирани во системот. Повиците за ветинг се само манипулација за да создадат илузија на транспарентност. ДУИ и нејзините сателити, како партија со луѓе на американската црна листа, треба да се реформира за да се ослободи системот од криминалните кланови и конечно граѓаните да добијат заслужена правда“, истакнуваат од партијата и додаваат:

„Вреди“ секогаш ќе се ангажира за праведен и некорумпиран систем. Ние ќе продолжиме да работиме за да осигуриме дека правдата ќе биде воспоставена и дека секоја злоупотреба ќе се третира сериозно“.

 
19.08.2024 - 14:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега