Млад велешанец падна во рацете на полицијата - дома имал дрога

 


Вчера во 14.30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода А.Р.(28) од Велес.

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.

А.Р. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

05.11.2024 - 11:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега