Close Menu
Press24
    Најново

    ВИДЕО: Вака беа откриени пурите во вредност од 4.000 евра – Царината со детали за заплената

    10.06.2026 во 10:47

    Студен фронт и невреме се движат кон соседството, температурата паѓа за 15 степени: Еве кој ќе биде прв на удар

    10.06.2026 во 10:36

    Јавен повик за волонтери во Кабинетот на Сиљановска

    10.06.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВИДЕО: Вака беа откриени пурите во вредност од 4.000 евра – Царината со детали за заплената
    • Студен фронт и невреме се движат кон соседството, температурата паѓа за 15 степени: Еве кој ќе биде прв на удар
    • Јавен повик за волонтери во Кабинетот на Сиљановска
    • Вртоглави цени во Европа: Еве во кои градови квадратот надминува 18.000 евра, а стан со една спална е милион
    • Апокалиптични сцени во Словенија: Силна бура активираше 50 свлечишта, штетите се во милиони евра
    • Тутунот да се третира на правилен начин – клучни препораки од СЕКЕ Прилеп
    • Град Скопје со известување до граѓаните
    • Сообраќајна несреќа во Македонија – Се судрија возила во Штип
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вреди: ДУИ бега од реалноста со референдуми, за да го сокрие својот 20-годишен неуспех во општините

    Вреди: ДУИ бега од реалноста со референдуми, за да го сокрие својот 20-годишен неуспех во општините

    21.09.2025 во 11:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Коалицијата ВРЕДИ ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека, во пресрет на секои локални избори, наместо да зборува за општинските проблеми, користи националистичка реторика и референдуми за да го сокрие, како што велат, својот долгогодишен неуспех во управувањето со општините.

    „ДУИ има едноставен рецепт веќе две децении – кога доаѓаат избори, наместо отчет за работа, измислува национални теми, знамиња и референдуми. Причината е очигледна – сака да ја избегне реалната слика за состојбата во општините со кои управува“, се наведува во соопштението на ВРЕДИ, што го пренесува МИА.

    Од коалицијата обвинуваат дека општините под водство на ДУИ и по 20 години власт немаат основна инфраструктура, вода за пиење, канализација, современи училишта или социјални сервиси за децата и старите лица. Според нив, додека граѓаните живеат во сиромаштија, функционерите на ДУИ се збогатиле.

    „ДУИ знае – ако изборите се водат за општините, трката ја губат. Затоа секогаш бегаат од вистината и се кријат зад лажни национални прашања“, велат од ВРЕДИ.

    Во истото соопштение се потенцира дека коалицијата ВЛЕН, која е дел од актуелната власт, за само една и пол година обезбедила 80 милиони евра инвестиции за албанските општини, во проекти што вклучуваат нови патишта, училишта и водоводи.

    „Разликата е јасна – ДУИ за 20 години остави само неуспех и празнина, ВЛЕН за кратко време донесе реални резултати. На 19 октомври, граѓаните ќе ставaт крај на националистичката измама. Нема знаме што ја покрива корупцијата, нема референдум што ги крие неуспесите“, порачуваат од ВРЕДИ.

    Со заклучокот дека „ВЛЕН е клучот за повторно издигнување на албанските општини“, коалицијата повика на мобилизација за претстојните избори и враќање на општините во рацете на граѓаните.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието

    10.06.2026 во 09:42

    ВМРО-ДПМНЕ: Пониски трошоци за граѓаните – Мобилен роаминг како дома во земјите од ЕУ

    10.06.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.