Close Menu
Press24
    Најново

    Вработен во училиште силувал 14-годишно девојче – ја терал да се фотографира и ја уценувал

    26.04.2026 во 10:41

    (ВИДЕО) Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

    26.04.2026 во 10:38

    ВИДЕО: Итна реакција на службите – погледнете колку брзо Трамп и Венс беа евакуирани од пукањето

    26.04.2026 во 10:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вработен во училиште силувал 14-годишно девојче – ја терал да се фотографира и ја уценувал
    • (ВИДЕО) Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп
    • ВИДЕО: Итна реакција на службите – погледнете колку брзо Трамп и Венс беа евакуирани од пукањето
    • (ВИДЕО) Пукање во Белата Куќа: Трамп евакуиран – повреден таен агент
    • ЛДП: Наместо популизам како параван – ајде на нотар и да го смениме Уставот за вистинска одговорност
    • Лажна дојава за бомба го испразни Ист Гејт
    • Завршија антитерористичките проверки во „City Mall“: МВР соопшти детали
    • (ВИДЕО) Нова инфраструктура во Битола: Улицата „СРУ 5“ доби велосипедска патека и целосна сообраќајна сигнализација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вработен во училиште силувал 14-годишно девојче – ја терал да се фотографира и ја уценувал

    Вработен во училиште силувал 14-годишно девојче – ја терал да се фотографира и ја уценувал

    26.04.2026 во 10:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, казниво по член 188 став 1, како и Злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудио запис или спис со сексуално експлицитна содржина по член 152-а став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.

    Осомничениот 28-годишник, вработен во основно училиште, го навел девојчето на возраст од 14 години да му прати свои фотографии и видеа со сексуално експлицитна содржина, а потоа ја уценувал дека ќе ги објави ако не излезе со него.

    Детето-жртва прифатило да се сретнат, по што осомничениот го однел во куќа во гостиварско каде извршил обљуба, кривично дело за кое е предвидена затворска казна од најмалку 8 години.

    Месецов повторно се обидел да ја уцени за да се сретнат, но девојчето одбило по што тој ги објавил на една социјална мрежа експлицитните фотографии и видеа кои ги поседувал. Со ова ги направил достапни и на други лица, со што го исполнил битието и на второто кривично дело кое беше воведено во февруари годинава и за кое е предвидена затворска казна од 3 до 10 години.

    Имајќи ги предвид високите запретени казни за овие кривични дела, јавниот обвинител оцени дека постои висок ризик осомничниот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Исто така, постои опасност да влијае врз детето-жртва, но и да го повтори делото. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.