Close Menu
Press24
    Најново

    Снег кон крајот на неделата – УХМР со детална прогноза

    14.10.2026 во 12:56

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04

    Ќе снема струја во 9 часот – Исклучувања во Скопје, проверете дали сте на списокот

    14.10.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вработен во МВР фалсификувал потврди дека давал крв за да не оди на работа
    • ВМРО-ДПМНЕ: Над 100 милиони денари инвестиции во Пробиштип, се подготвуваат нови проекти
    • ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче за Михаилова: „Имало ли посредување од луѓе блиски до Радев”
    • Ескалација во Црното Море: Романија истражува нов напад со беспилотно летало врз танкер
    • Муцунски во Дубаи: „Малите држави ја градат конкурентноста преку доверба”
    • Хорор го потресе светот: Се урна покрив на училиште, загинаа најмалку 18 ученици и еден наставник
    • „Таа беше наша голема гордост“ Училиштето емотивно се збогуваше со загинатата ученичка: Почина во ужасна несреќа во близина на Бијелина
    • Филипче бара 600€ минимална плата: „Три минимални плати не ја покриваат потрошувачката кошничка“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вработен во МВР фалсификувал потврди дека давал крв за да не оди на работа

    Вработен во МВР фалсификувал потврди дека давал крв за да не оди на работа

    15.10.2026 во 10:011 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кривична пријава за фалсификување исправа е поднесена против вработен во Министерството за внатрешни работи, кој, според пријавата, фалсификувал две потврди за дарување крв за да искористи платено отсуство од работа.

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, специјализирано одделение за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

    Пријавениот А.А., вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти при МВР, на 3 март и 9 јули 2026 година не дарувал крв во Институтот за трансфузиона медицина, но, според МВР, изготвил и употребил лажни потврди за дарување крв.

    Врз основа на потврдите, тој поднел барања за користење платено отсуство од по три работни дена, за периодите од 3 до 5 март и од 9 до 13 јули 2026 година, и го искористил отсуството.

    Против него е поднесена пријава за кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Одделот за внатрешна контрола најавува и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за повреда на работниот ред и дисциплина.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Над 100 милиони денари инвестиции во Пробиштип, се подготвуваат нови проекти

    15.10.2026 во 10:00

    ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче за Михаилова: „Имало ли посредување од луѓе блиски до Радев”

    15.10.2026 во 09:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.