Close Menu
Press24
    Најново

    Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев

    29.10.2026 во 10:45

    Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица

    29.10.2026 во 10:44

    Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата

    29.10.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев
    • Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица
    • Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата
    • Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит
    • Македонската полиција му затропала на врата: 60-годишен маж ќе лежи во затвор
    • Финансиски злоупотреби во здравството – Под лупа и компанија со три болници во Скопје
    • ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него
    • Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вработен во МВР фалсификувал потврди дека давал крв за да не оди на работа

    Вработен во МВР фалсификувал потврди дека давал крв за да не оди на работа

    15.10.2026 во 10:011 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кривична пријава за фалсификување исправа е поднесена против вработен во Министерството за внатрешни работи, кој, според пријавата, фалсификувал две потврди за дарување крв за да искористи платено отсуство од работа.

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, специјализирано одделение за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

    Пријавениот А.А., вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти при МВР, на 3 март и 9 јули 2026 година не дарувал крв во Институтот за трансфузиона медицина, но, според МВР, изготвил и употребил лажни потврди за дарување крв.

    Врз основа на потврдите, тој поднел барања за користење платено отсуство од по три работни дена, за периодите од 3 до 5 март и од 9 до 13 јули 2026 година, и го искористил отсуството.

    Против него е поднесена пријава за кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Одделот за внатрешна контрола најавува и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за повреда на работниот ред и дисциплина.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев

    29.10.2026 во 10:45

    Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица

    29.10.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.