Вознемирувачко видео: После караница, Русин ја нападна сопругата со нож пред двете деца

Башкир Александар Алексеев (31) брутално ја уби својата сопруга Оксана на патот во рускиот град Сатка во регионот Челјабинск.

Тој ја искасапил сопругата пред своите ќерки од 2 и 4-години, по расправија што избувнала затоа што жената не сакала да му ја покаже преписката од телефонот. Во склоп на бес и љубомора, човекот се паркирал покрај патот и ја продолжил расправијата, а потоа извадил ловџиски нож и пред девојчињата, кои седеле на задното седиште ја прободел сопругата неколку пати.

Жената некако успеа да скокне од автомобилот со детето во рацете, но како што почна да ја напаѓа, таа го испушти детето и почна да бега. Пензиониран пар кој го виде почетокот на нападот за жал не успеа да ја одбрани жената, бидејќи сопругот ја стигнал, ја турнал на земја и продолжи да ја прободува додека децата врескаа.

Тие успеаја да го снимаат грозоморното злосторство и ја повикаа полицијата, која наскоро го уапси убиецот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.07.2020 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега