На 23.03.2026 во 18:15 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Бањешница“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(56) од Гостивар и мотоцикл „кросер“, управуван од А.Ф.(19) од Гостивар.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Ургентен центар Гостивар, информира МВР.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.


