Јавното претпријатие „Македонијапат“ упати апел до возачите за крајна претпазливост доколку патуваат кон Попова Шапка. На патниот правец од селото Лисец кон овој туристички центар е забележана појава на густа магла.
Според информациите од теренот, видливоста на овој правец е намалена на само 40 метри, што значително го отежнува сообраќајот.
Што се однесува до остатокот од државата, сообраќајот се одвива непречено и по претежно суви коловози. Сепак, од претпријатието предупредуваат на можна појава на поситни одрони на патните правци кои поминуваат низ клисури и усеци.
Дежурните екипи на „Македонијапат“ се на терен и ја следат состојбата за да ги одржат сите патни правци проодни.

