Сообраќајот на сите државни патишта во моментов се одвива непречено, иако коловозите се влажни, информира Јавното претпријатие „Македонија пат“.
Од претпријатието предупредуваат дека на одредени планински превои е забележана намалена видливост поради магла, која се движи до 50 метри.
Намалена видливост поради магла има на следните патни правци и превои:
- Ѓавато
- Плетвар
- Стража
- Крушево
ЈП „Македонија пат“ дополнително укажува дека на патиштата што минуваат низ клисури и усеци постои можност за појава на поситни одрони, кои редовно се расчистуваат.
Од претпријатието апелираат до возачите за внимателно управување со возилата, доследно почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината според актуелните услови на патот.

