Православните верници се подготвуваат за два големи празници кои се сметаат за „столбови на зимата“. Во петок на 30-ти јануари, го славиме споменот на Свети Антониј Велики, таткото на православното монаштво, кој поминал 20 години во пустина во непрестајна молитва. Овој светител, иако необразован, бил мудар советник на најголемите умови на своето време.

Веднаш по него, на 31-ви јануари, следува Танасовден (зимен), посветен на Свети Атанасиј Велики. Овие два дена се исполнети со радост во домовите каде се слават имендени, а социјалните мрежи веќе се преплавени со честитки за бројните славеници.

Според народните верувања, Свети Атанасиј е светителот кој е „победник над студовите“. Се верува дека на овој ден (31-ви јануари) главните мразеви веќе се поминати, па затоа празникот се нарекува и „средзимо“.

Сепак, старите мудро предупредуваат со пословицата: „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“, што значи дека зимата знае да изненади со последен силен удар. Во Гевгелиско, пак, се смета дека по овој ден дури и тие што се болни добиваат нова сила за живот бидејќи денот веќе е подолг, а сонцето почнува посилно да грее.

Exit mobile version