Полицијата поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(27) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело демнење.

Според информациите, пријавениот со патничко возило им се доближувал на 21-годишна девојка од Тетово и на нејзината мајка и ги снимал со мобилен телефон.

Исто така, тој ѝ се јавувал на девојката од различни телефонски броеви, со што дополнително ја вознемирувал.

Exit mobile version