На 15.11.2025 во 03:45 часот во село Подгорци, струшко, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга го лишија од слобода Т.С.(39) од селото Оровник, општина Дебрца.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал Т.С., и притоа констатирале дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,71 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобзирно управување со моторно возило“.

