Возачот на автобус спаси старица од крадец: Видел дека ја напаѓа жената, па без двоумење скокнал од автобусот

 

Возачот Керол Золт Кис возел автобус во Унгарија кога забележал дека крадец скокнал на стара жена која одела со стап и се обидела да ја ограби.

Надзорната камера во автобусот забележала дека тој без да се двоуми, застанал и скокнал од автобусот за да ја спаси жената, пишува Индекс.хр.

Возачот, инаку поранешен војник, го турнал напаѓачот, а потоа застанал меѓу него и жртвата додека тој не побегнал.

Потоа ја однел жената во автобусот и продолжил да вози.

Жената не е повредена, но, според локалните медиуми, таа била многу потресена од овој настан. Полицијата го уапсила 27-годишникот непосредно по инцидентот, пишува Индекс.хр.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2020 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега