Вооружен грабеж во Атина - украдени 15 Ролекс часовници

 

Најмалку 15 Ролекс часовници биле украдени од продавницата за скапи рачни часовници во строгиот центар на Атина во вооружениот грабеж што се случил рано утринава, јави дописничката на МИА од Атина.

Четворица маскирани лица, под закана со оружје, најпрво го удриле и совладале лицето задолжено за обезбедување на продавницата, кој е полесно повреден, а потоа со пиштолот им се заканиле на вработените, со помош на чекан ги скршиле заштитните стакла, ги одзеле скапите часовници и побегнале.

Според грчките медиуми, одзеле најмалку 15 рачни Ролекс часовници, а побегнале со два мотора.

Полицијата трага по сторителите.

Продавницата на Ролекс во Атина се наоѓа во строгиот центар на градот, а вооружениот грабеж се случи во време на зголемена раздвиженост на Грците.

20.12.2022 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега