Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе нема струја до 16 часот – Исклучувања во две скопски населби

    06.03.2026 во 08:00

    „Млад франкофонски парламент“ денеска во Собрание

    06.03.2026 во 07:56

    Владата со панел дискусија за раст на економијата – Може да ја следите во живо

    06.03.2026 во 07:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќе нема струја до 16 часот – Исклучувања во две скопски населби
    • „Млад франкофонски парламент“ денеска во Собрание
    • Владата со панел дискусија за раст на економијата – Може да ја следите во живо
    • Магла на патиштата – АМСМ со важна информација за возачите
    • УХМР со викенд временска прогноза
    • Два случаја на насилство врз жени во Штип и Виница
    • Чистка во Вашингтон: Кристи Ноем е првата што го напушта кабинетот на Трамп
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче само ја замајува јавноста
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вонредно предупредување од УХМР: Се очекуваат над 40 литри дожд на метар квадратен, невреме и силен ветер

    Вонредно предупредување од УХМР: Се очекуваат над 40 литри дожд на метар квадратен, невреме и силен ветер

    18.11.2025 во 12:421 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за денеска и претстојниот викенд, најавувајќи дека наместа врнежите од дожд ќе бидат пообилни, со можност за над 40 l/m² за 24 часа, особено во текот на ноќта.

    Под влијание на циклонска активност, локално се очекуваат и услови за невреме, проследено со силен ветер, чија брзина може да надмине 60 km/h, како и појава на ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

    Променливо облачното време со повремени локални врнежи од дожд ќе продолжи и во наредните денови. Утре попладне и во четврток се очекува послаб интензитет на врнежите.

    Во петок и за време на викендот, УХМР најавува нов бран на пообилни врнежи (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер.

    Од недела се очекува значително опаѓање на утринските и дневните температури.

    За Скопје е најавен период на променливо облачно време со повремени врнежи, кои во делови од котлината ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

    Популарно

    Дипломатски „семафор“: Србија ја стави Хрватска во ризична зона, Загреб одговори со потсмев

    05.03.2026 во 20:39

    Избегната еколошка хаварија во Македонија: 10 години се чувале 10 тони „темпирана бомба“ – опасен хемиски отпад среде Скопје

    05.03.2026 во 14:04

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    ФОТО: Првите македонски државјани слетаа во Скопје

    05.03.2026 во 22:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.