Вонредна состојба поради торнада во јужниот дел на САД, седум жртви досега

 

Најмалку седум лица загинаа во торнада во југоисточните американски држави Алабама и Џорџија, соопштија локалните власти.

Во државата Џорџија и во некои окрузи во Алабама е прогласена вонредна состојба.

Вкупно 45 торнада беа регистрирани вчера, се вели во прелиминарниот извештај на американскиот Центар за предвидување бури (SPC).

Градот Селма во округот Далас претрпе значителна штета и градоначалникот ги повика жителите да останат во затворени простории и да се држат подалеку од паднатите далноводи.

Југот на САД беше погоден од 36 торнада на крајот на ноември кога две лица загинаа во Алабама, а една година претходно, на крајот на 2021 година, само во државата Кентаки од торнада загинаа 80 луѓе.

13.01.2023 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега