Вонредна инспекција во „Жан Митрев“ – телото на Амди Бајрам го предале пред да стигне резултатот од ковид тестот

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе спроведе вонреден инспекциски надзор и ќе испита дали се прекршени протоколите од страна на приватната клиника „Жан Митрев“ во случајот со политичарот Амди Бајрам, чие тело, откако бил прогласен за мртов, им било предадено на семејството, без да биде познат резултатот од неговиот ковид тест, потврдуваат од Министерството за здравство за Слободен печат“.

Постапката уште не е започната. Oд Клиниката „Жан Митрев“ за Слободен печат тврдат дека Бајрам воопшто не бил хоспитализиран кај нив.

„Донесен беше со возило на Итна медицинска помош, неконтактибилен без знаци за пулс, срцева акција и тензија. Веднаш е започнато со реанимација по протокол. Поради неадекватен одговор на преземените мерки на кардиопулмоналната реанимација истата е прекратена и констатиран егзитус.Согласно сознанија дека пациентот учествувал во масовна прослава надвор од земјата, а со цел безбедност за нашите лекари и останатиот персонал, беше земен примерок за COVID-19, кој веднаш се стави на обработка. Истиот се покажа како позитивен за што веднаш беа известени сите засегнати страни, посебно Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство како и семејстовто заради преземање на понатамошни мерки и почитување на сите протоколи“, појаснуваат од болницата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега