Кривична пријава за кичевец – пронајдени 139 стебла канабис

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.Ј.(54) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.На 04.07.2025 година, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево, пронајдоа и одзедоа вкупно 139 стебла од растението Cannabis Sativa со различна висина како и растенија канабис, посадени во пластична чаша.

08.07.2025 - 13:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега