Најдоа еден слаб, задолжен, со многу проблеми. Вака лидерот на СДМС Венко Филипче ги коментира последните напади, веројатно од Петре Шилегов кој не е задоволен од состојбата во партијата

“Јавно да се изнесуваат вакви работи во момент кога ДПМНЕ нè напаѓа од сите страни со цел да го замолчи нашиот глас на вистината, не е случајно. Тие пронајдоа еден од нас, послаб. Ги искористија неговите приватни проблеми, задолженоста кон одредени лица, а очигледно и уцени, за да го натераат одвнатре, од самата партија, да внесе немир во нашите редови.

Ние го разбираме и нема да се пресметуваме со него. На сите ни е јасно во каква ситуација се наоѓа. Нема да му одмогнеме, можеме само да му помогнеме.

До него е да одлучи која страна ќе ја избере.

По овој пат сакам да им порачам на сите нив: ние сме на патот на правдата. Никој нема да нè запре. Ќе ја одбраниме

Македонија и ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Никој нема да нè запре, а најмалку вакви обиди.“ – напиша Филипче на социјалните мрежи.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, преку фејсбук-објава побара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

„Македонското законодавство познава убиство од небрежност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла. Или тешка ви е одговорноста? Или ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош. М? Прашањата ќе ги поставиме по празниците. Да не се разводиме во меѓувреме. Демек, добар ви е тајмингот. Нова година, Божик, ќе се заборави….“, напиша Шилегов во објава на Фејсбук

Преку друга објава тој даде дообјаснување.

„Бидејќи можеби многумина не разбраа (преку 50 тел. повици за 7 мин.) Да! Барам оставка на ‘претседателот’ на СДСМ“, додаде Шилегов.

Exit mobile version