Водовод: Нема да има прекин на водоснабдувањето, неовластени лица ширеле дезинформации

 

ЈП Водовод и канализација доцна синоќа излезе со известување во врска со информацијата за прекин на водоснабдувањето на ден 11.02.2024, на територија на цел град Скопје.

Како што велат од таму, прекин во водоснабдувањето нема да има, односно Град Скопје редовно ќе се снабдува со вода.

Соопштуваат дека на социјалните мрежи од страна на неовластени лица биле објавени неточни и непроверени информации. Јп Водовод и канализација против овие лица ќе преземе соодветни чекори за утврдување  на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на градот Скопје.

 

 

 

11.02.2024 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега