Водно и Козле без вода

Поради уличен дефект на цевка со пречник од 160 милиметри на улицата „Питу Гули“ во населбата Водно, спроти Шведска резиденција, денеска од 15:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Питу Гули“, „Димитар Пандилов“, „Капиштец“, „Ганчо Хаџипанзов“ и „Караорман“, како и високата зона од населбата Козле.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација Скопје, корисниците ќе бидат без вода од 15:00 часот до санирање на дефектот.

27.01.2024 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега