Секторот за Компјутерски Криминал при БЈБ- Министерството за Внатрешни Работи, во координација со Отсеците за Компјутерски Криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, вчера спроведе координирана операција на територијата на Република Северна Македонија.
Извршени беа претреси на вкупно 7 ( седум) локации во насока на обезбедување докази за кривично дело „Производство и Дистрибуција на Детска Порнографија“ по член 193-а од Кривичниот законик.
Стружанецот Борче Костески, водител на поткастот „Б2 канал”кај кого полицијата изврши претрес вели дека се е хајка и директен удар врз слободата на медиумите.
-„Сè е хајка. Тоа што се случи денеска во мојот дом во Струга е хајка за да згасне ‘Б2 каналот’, кој не е точно дека е бугарски, туку е тука и е македонски. Поткастот ‘Конечна пресметка’ е за европска Македонија. Ќе одам во секој медиум што ќе ме покани за да демантирам дека лично јас немам ништо со детска порнографија“, вели Костески, додавајќи дека ова е директен удар врз слободата на медиумите и гласот на јавноста, објави Скопје1.

