Водителката на Евровизија некогаш била маж- Претрпела уцени и закани поради промена на полот (ВИДЕО)
Една од најпознатите јутјуберки на светот, холандската шминкерка и интернет ѕвезда Ники де Џегер (27), позната под јутјуберското име „Ники Туториалс“, беше една од овогодишните водителки на „Евровизија“.
„Можеби уште вечерва ќе ја слушнеме песната којашто ќе победи на Евровизија, којзнае? Ја обожувам Евровизија поради ваквиот спектакл каков што никаде нема“, изјавила таа на почетокот на полуфиналето, кое се одржа синоќа.
Популарната јутјуберка која доаѓа од Холандија, минатата година јавно во видео на Јутјуб ја призна својата најголема тајна - дека е трансродна.
View this post on Instagram
Ники која веќе 11 години води свој Јутјуб канал посветен за шминкањето, со целиот свет споделува совети, но исто така ги споменала и личностите коишто ѝ се заканувале согласно тајната која ја криела целиот свој живот.
„Одлучив да преземам контрола над ситуацијата. Тоа е нешто што отсекогаш сакав да го споделам со вас, но кога ќе бидам подготвена. Луѓето кои ме уценуваа го одзедоа тоа од мене“, изјавила таа тогаш.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа