Во рамки на одбележувањето на јубилејот „35 години независност на Македонија“, на Плоштад Македонија во Скопје вечерва се одржува мултимедијалниот сценски спектакл „Силно светнал ден“, кој го заокружува своето патување низ државата со настап на повеќе од 120 артисти.
Преку музика, глума и танц, во вид на мултимедијален сценски спектакл, се раскажува приказната за 35 години независност на Македонија, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.


