Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје денеска се одржа свечена заклетва на 29-тата класа питомци и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници.

Заклетва положија вкупно 59 кандидати, од кои 31 питомец и 28 слушатели.

Оваа класа има и меѓународен карактер, бидејќи дел од Академијата ќе бидат и пет питомци од Босна и Херцеговина и двајца од Црна Гора.

На свеченоста присуствуваа највисоките државни и воени претставници, вклучувајќи ги:
претседателката Гордана Силјановска – Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски, деканот на Академијата, полковник проф. д-р Ненад Танески.

Настанот беше дополнително збогатен со присуство на високи претставници од Армијата, дипломатскиот кор и роднините на питомците.

Exit mobile version