Македонската влада ја утврди квотата за вработување на странски државјани за 2026 година, со која се предвидува ангажман на вкупно 10.000 работници. Одлуката, која стапува на сила од денеска, 16 јануари, има за цел да одговори на потребите на домашната економија.

Според официјалните податоци, најголемиот дел или 9.750 дозволи се наменети за редовно вработување. Од нив, 4.500 се за нови вработувања, додека 5.250 се предвидени за продолжување на веќе постоечките дозволи на странците кои работат во земјава.

Дополнително, распределени се 200 дозволи за упатени странци и 50 за сезонски работници. Од Министерството за економија и труд најавија дека будно ќе ја следат состојбата на пазарот на труд и искористеноста на овие квоти за да се реагира согласно економските потреби.

Exit mobile version