Во Велес хоспитализирани 76 пациенти на три одделенија, слободен по некој кревет

Во Велешката болница се хоспитализирани вкупно 76 пациенти, од кои 64 се потврдени позитивни на Ковид 19, пет се сомнителни и седум со негативни тестови. Пациенти освен на инфективното одделение се примаат и на Физикална и на Интерно, а слободни кревети има по некој. 

Портпаролката на болницата д-р Весна Николовска Неделкова информира дека 49 пациенти се сместени на Инфективно одделение, 16 на Физикална и 11 на Интерно одделение. Од хоспитализираните 27 се на кислородна пддршка. На сите три одделенија, како што вели таа, има по некој слободен кревет

Во велешката болница, како што информира Николовска-Неделкова, вчера вечерта починала  пациентка од Свети Николе на 56-годишна возраст потврдена позитивна. Утринава една пациентка на 73 години од Велес, потврдена позитивна била  префрлена на Клиника за нефрологија во Скопје  поради влошена бубрежна болест.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега