Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски оствари средба со Бегај: Истакната важноста од одржување на стабилноста и продлабочување на партнерството

    27.02.2026 во 14:40

    Проверете ги сметките: Почна исплатата на образовниот додаток

    27.02.2026 во 14:34

    Сиљановска-Давкова: Ни требаат гаранции, а не моменти

    27.02.2026 во 14:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски оствари средба со Бегај: Истакната важноста од одржување на стабилноста и продлабочување на партнерството
    • Проверете ги сметките: Почна исплатата на образовниот додаток
    • Сиљановска-Давкова: Ни требаат гаранции, а не моменти
    • Тошковски со јасна порака до Брисел: МВР е посветен партнер во градењето на европската безбедност
    • Кумановец остана без 43.750 евра – ги уплатил парите во велешка менувачница, а за возврат барал да му се исплатат крипто средства
    • Драма во скопски автобус: Група малолетници се обиделе да украдат ташна
    • Грозоморен случај пријавен од загрижена скопјанка: Роднина ја допирал и бакнувал нејзината 9-годишна ќерка
    • Пукање во Долно Лисиче: Додека седел во дворот од куќата слушнал истрел, кога станал имал што да види
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во уште една земја-членка на НАТО пронајдени остатоци од руски дрон

    Во уште една земја-членка на НАТО пронајдени остатоци од руски дрон

    19.09.2025 во 17:171 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На плажа во Летонија пронајдени се остатоци од руски дрон „Гербер“, изјави министерот за одбрана Андрис Спрудс, додавајќи оти остатоците не содржат експлозив.

    Премиерката на Летонија, Евика Силина побара од министрите за одбрана и за внатрешни работи заедно со полските колеги да утврдат дали пронајдениот дрон е еден од оние кои минатата недела го нарушија полскиот воздушен простор.

    -Наш приоритет е зајакнување на источната граница, но јасно е дека заштитата на брегот на Балтичкото Море со инсталирање на потребните сензори е подеднакво важна, објави Силина на платформата Икс.

    Дроновите од типот „Гербер“ се дизајнирани како мамки за совладување на украинската воздушна одбрана. Тие се направени од стиропор и иверица, тежат помалку од 20 килограми и имаат дострел до 600 километри. Се претпоставува дека такви дронови го нарушиле полскиот воздушен простор на 10 септември.

    На 14 септември руски дрон го наруши воздушниот простор на Романија. Дронот, според украинскиот претседател Володимир Зеленски, во романскиот простор се задржал 50 минути.

    Руските беспилотни летала од 2022 година постојано навлегуваат во воздушниот простор на НАТО, но до инцидентот на 10 септември, немаше потврдени случаи на соборување на дроновите од одбраната на Алијансата.

    Популарно

    Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување пред Уставен

    25.02.2026 во 10:01

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Стразбур пресече: Државата ќе му плати 11.000 евра на затвореник тепан во „Идризово“

    27.02.2026 во 10:00

    Трамп едвај го започна говорот, а веќе првиот инцидент: „Црнците не се мајмуни“

    25.02.2026 во 09:51

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.