Во Србија со денови се бележат над 7.000 новозаразени дневно,и бебе од 18 дена меѓу заразените

Со 34 смртни случаи и повеќе од 7.500 новозаразени, бројките во Србија се закануваат да ги соборат рекордите во четвртиот бран на пандемијата, додека властите се обидуваат да ја заживеат кампањата за вакцинација.

Досега, најголем број заразени на дневна основа се регистрирани на 1 декември 2020 година - 7999, а најголем број смртни случаи во еден ден било на 4 декември, 69 лица.

Од 14 септември, статистиката покажува дека има повеќе од 7.000 нови инфекции секој ден, а бројот на смртни случаи денеска надмина 30 на дневна основа.

Заедно со се` повеќе потврдени случаи на инфекција, расте и бројот на хоспитализирани во Србија. Црвените болнички зони се` повеќе се полнат со пациенти, а болниците што се вратија на редовна работа во претходните неколку месеци, се враќаат на системот „Ковид“.

Експертите предупредуваат дека расте и бројот на деца заразени со коронавирус.

Денеска 34 смртни случаи на „Ковид-19“ се пријавени во последните 24 часа, а скоро секој четврти тестиран примерок бил позитивен за коронавирус. Меѓу заразените е и бебе од само 18 дена.

 

17.09.2021 - 21:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега