Во Србија пристигнаа уште 11.700 дози вакцина на „Фајзер“

Во Србија, поточно во институтот „Торлак“, пристигнаа уште 11.700 дози вакцина против коронавирус на компанијата „Фајзер“, пренесуваат белградските медиуми.

„Во следните две недели се очекува неделно да пристигнат меѓу 10.000 и 20.000 од оваа вакцина“, објавија медиумите.

Неофицијално, до 15 февруари се очекуваат уште 41.000 дози вакцина на „Фајзер“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега