Во САД шестгодишно момче тешко ранило наставничка

Шестгодишно момче со истрел од пиштол рани наставничка во основно училиште во американскиот град Њупорт Њуз, во сојузната држава Вирџинија, соопшти полицијата.

Локалните власти ветија дека ќе најдат одговори на сите прашања за да не се повтори ваков настан.

Наставничката на возраст од триесет години, како што јави Ројтерс, се здобила со повреди опасни по живот, но нејзината состојба е подобрена.

Засега не е познато како момчето го добило пиштолот, а полицијата соопшти дека „расправија“ во училницата резултирала со еден истрел.

Тоа не е случајно пукање. Мораме да дознаеме од каде е набавено огненото оружје“, изјавил началникот на полицијата Стив Дру.

Меѓу учениците немало повредени.

07.01.2023 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега