Во првата недела позитивни над 50 ученици - за да се премине на оналјн ќе треба да се заразат 26.000 деца

Министерството за образование и наука не соопштува апсолутни бројки за бројот на заразени ученици една недела по почетокот на новата учебна година. Се што може да се добие како податок од Министерството е дека во моментов заразени се 0,02% од учениците.
Во обид да дојдеме до апсолутна бројка мораме сами да пресметуваме.
Според последните официјални податоци во Македонија има речи си 260.000 ученици што пресметано значи дека бројот на позитивни во овој момент е над 50.
Ако сакаме дополнително да пресметуваме, математиката вели дека за 5 дена од почетокот на годината, во просек дневно позитивен тест добивале по 10 ученици.
Министерот Филипче во изјава дадена пред почетокот на учебната година рече дека за да се премине на онлајн настава, бројот на заразени ученици ќе треба да достигне 10%. Тоа пресметано во бројки покажува дека Македонија ќе премине онлајн кога ќе има над 26.000 заразени ученици што е чудна бројка имајќи предвид дека тоа би било речи си 15% од вкупниот број на детекирани ковид случаи во Македонија кој во моментов е фиксиран на 180.000.
Она што е важно да се напомене е дека досега ниту еден од случаите на позитивни ученици, вирусот не го добил на училиште, односно дека засега нема интерна трансмисија во училиштата.

07.09.2021 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега