Во петок ќе заседава Комисијата за заразни болести- ќе се разгледува барањето за воведување на карантин во Прилеп

 

Во врска со барањето на прилепскиот градоначалник за воведување карантин во тој град, портпаролот на Владата, Душко Арсовски денеска рече дека во Прилеп ситуацијата е алармантна и во петок Комисијата за заразни болести ќе го разгледува тоа како проблем.

– Би требало оттаму да произлезат следните чекори, начините, мерките и што ќе се преземе во Прилеп за да се намали процентот на заразени со Ковид-19, додаде Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега