Во Македонија вкупно 89.392 лица заразени со Ковид 19 од почетокот на пандемијата- Скопје со најголем број на активни случаи

Нови 400 случаи со КОВИД-19 од 2.327 тестирања беа евидентирани во вчерашниот билтен на Министерството за здравство по изминати 24 часа. Починаа 11 лица во болнички услови, а оздравеле 206 пациенти.

Вкупниот број на КОВИД дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 89.392, бројот на оздравени пациенти е 73.983, на починати е 2.726, а бројот на активни случаи изнесува 12.683. Досега во земјата се направени вкупно 434.568 тестирања на КОВИД -19.

Од новите позитивни на КОВИД-19, во Скопје се 198, во Куманово 28, во Кавадарци 19, во Тетово 16, во Прилеп и Велес по 14, во Охрид 12, десет во Дебар…

Во Скопје активни случаи има 7.352, во Тетово 481, во Куманово 479, во Кавадарци 412, Струмица 389, во Охрид 367, во Велес 346, во Гостивар 336… Најмалку активни случаи или само осум има во Дојран.

Во ковид центрите во болниците во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат 359 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. Вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат и на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 620, а има 621 празен болнички кревет во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 283 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Според надлежните, состојбата со Ковид-19 е стабилна, но сепак препорачуваат и понатаму да се почитуваат мерките и препораките. Затворен е ковид центарот на Клиниката за очни болести, а ќе се затвори и ковид центарот во Клиниката за уво, нос и грло.

-Состојбата со КОВИД-19 во земјава е стабилизирана. Намален е бројот на новорегистрирани случаи и починати, а зголемен е бројот на оздравени пациенти. Двојно е намален бројот на хоспитализирани пациенти во болничките установи ширум државата. Но, сега не смееме да се опуштиме. Мораме да продолжиме да ги почитуваме мерките за заштита и да не се групираме. Да издржиме уште малку, да бидеме одговорни, порача министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2021 - 08:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега