Во Кoчани во ВТОРНИК (30 декември 2025 година ) во 11 часот ќе биде отворена првата пратеничка канцеларија на пратеникот од ЗНАМ – За наша Mакедонија во Изборната Единица 3, Павлe Арсоски.

Отворањето на оваа канцеларија е во рамки на проектот „Канцеларии за контакт со граѓаните“ започнат во 2003 година со помош на НДИ, УСАИД, ИПД, Швајцарската агенција за развој и соработка и ЗЕЛС. Од 2013 година, Собранието на Република Македонија целосно ги презема активностите за нормално функционирање на канцеларите. Канцелариите имаат за цел зголемување на граѓанското учество во работата на Собранието преку овозможување непосредна комуникација на граѓаните со пратениците за размена на информации, предлози и сугестии.

Канцелариите за контакт на пратениците со граѓаните играат клучна улога во зголемувањето на транспарентноста и одговорноста на пратениците. Оваа канцеларија на пратеникот Арсоски е и дел од заложбата на ЗНАМ – За наша Македонија за отворена и одговорна политика кон граѓаните. Канцеларијата ќе биде местото од каде ќе градиме заеднички транспарентна политика, место за директна комуникација со граѓаните, место каде ќе можете да ги поставите Вашите прашања, да дадете предлози, иницијативи и решенија за проблемите со кои се соочувате.

Канцеларијата ќе ја отвори потпретседателот на ЗНАМ и пратеник Павле Арсоски, доктор по историски науки, генерал мајор во пензија, во присуство на граѓани, членови и поддржувачи на ЗНАМ – За наша Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија, градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов, советници во локалните самоуправи, како и претставници на Невладини организации.

Изјава за медиумите ќе дадат пратеникот и потпретседател на ЗНАМ – За наша Македонија, Арсоски и градоначалникот Грозданов, во 11 часот пред пратеничката канцеларија на улица „Димитар Влахов“ број 5, Кочани.

Exit mobile version