Во Кенија, 2,6 милиони животни се изложени на ризик од смрт поради суша
Кениската Национална агенција за управување со суша (НДМА) објави дека 2,6 милиони животни во земјата се во опасност од смрт поради недостиг на вода, јавува Анадолија.
Претседателот на НДМА, Харед Хасан, го сврте вниманието на јавноста на големата суша во Кенија, истакнувајќи дека долгорочната суша има штетен ефект особено врз животните.
Тој посочи дека околу 2,6 милиони животни се во опасност од смрт, додавајќи дека моменталната состојба може да има многу негативно влијание врз сточарскиот сектор.
- Ниското производство на млеко поради смртта на животните значително ја зголемува неухранетоста, рече Хасан.
Ова е најдолгата сушна сезона во Источна Африка од 1980-тите.
Милиони луѓе, исто така, се соочуваат со глад поради сушата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа