Во Грција откриени шест случаи на колумбискиот сој на коронавирус

Грчката служба за јавно здравје (ЕОДИ) потврди дека открила шест случаи на колумбискиот сој на коронавирус, кој внимателно се следи од Светската здравствена организација (СЗО) поради страв дека може да ја заобиколи заштитата што ја обезбедуваат вакцините.

ЕОДИ соопшти дека идентификувала два случаја на аеродромот во Атина, два во Арголида во северен Пелопонез и по еден во Атина и Ахаја, исто така на Пелопонез, објави „Катимерини“.

Високо заразниот делта сој продолжува да предизвикува најголема загриженост, бидејќи стапката на мутираниот коронавирус со потекло од Индија сега во Грција изнесува 96,7 проценти, во споредба со 23,6 проценти колку што беше на почетокот на годината.

Уделот на алфа – британскиот сој, падна во првата половина на август од 58,3 проценти на 2,4 проценти, додава ЕОДИ.

Сојот Ми, именуван по 12-та буква од грчката азбука, кој следува по претходната ламбда варијанта, се појави во Колумбија во јануари и оттогаш е откриен во 39 земји.

На 30 август, СЗО го прогласи за вид кој треба подетално да се следи.

03.09.2021 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега