Во Гостивар гласањето почна навреме на сите 121 избирачко место

 

Гласањето во првиот круг на претседателските избори 2024 во општина Гостивар започна утрово наврем, информираат од ОИК Гостивар.

Сите избирачки места се отворени навреме, во седум часот.

- Мали проблеми се појавија на неколку избирачки места со биометриските уреди, но тие беа брзо се надминати, информираа од ОИК.

Право на глас во оваа општина имаат 81.517 граѓани кои гласаат на 121 избирачко место.

24.04.2024 - 10:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега