Настанот „Resilient AI & EU Opportunities“, посветен на примената на вештачката интелигенција во деловниот и јавниот сектор и можностите што ги нудат европските програми за поддршка на дигиталната трансформација и иновациите, ќе се одржи денеска во Europe House Skopje.

Во организација на „Силајз“ ДООЕЛ, настанот ќе трае од 11 до 13 часот и ќе ги претстави актуелните трендови и практичните решенија од областа на вештачката интелигенција.

Според организаторите, во рамки на програмата ќе бидат презентирани неколку иновативни алатки, меѓу кои и AI гласовен агент на македонски јазик, наменет за унапредување на комуникацијата и деловните процеси.

Пред учесниците ќе биде претставена и платформата Atmolyze, наменета за климатска, енергетска и оперативна интелигенција. Платформата е развиена за поддршка на процесите на одлучување преку напредна анализа на податоци.

Exit mobile version