Процес на суштинска модернизација на граничната инфраструктура започнуваат надлежните институции преку проект вреден два милиони евра обезбедени како грант средства од Европската унија. Од Царинската управа информираат дека со овие средства ќе се воведат паметни системи за целосна автоматизација на граничните терминали, со што се означува нов исчекор во дигитализацијата на царинските постапки.
По претходно спроведениот јавен оглас, официјално е потпишан договорот со избраниот изведувач за набавка на потребната опрема.
Имплементацијата на овој значаен проект е предвидено да заврши до средината на наредната година, потврдуваат од институцијата.
Осврнувајќи се на практичните придобивки од новите дигитални решенија, од Царинската управа прецизно ги појаснија техничките карактеристики на системот:
„Автоматизацијата на терминалите ќе овозможи значително побрз проток на стоки и намалување на времето на чекање и оперативните трошоци за економските оператори. Со замена на постојните рампи и ваги со нови дигитални системи поддржани со напредни аналитички видео камери – увозот, извозот и транзитот ќе се евидентира автоматски, за само неколку секунди по влезот на товарното моторно возило на царинскиот терминал“, се наведува во соопштението.
Дигитални ваги и видеонадзор за борба против криминалот и корупцијата
Новиот систем предвидува интеграција на автоматски ваги и рампи кои директно ќе се поврзат со современи системи за видеонадзор и софтвер за автоматско препознавање на регистарски таблички. За оваа намена во тек е посебна постапка за набавка на софтверски интегратор.
Од Царинската управа ја нагласија и антикорупциската димензија на проектот:
Воедно, велат од Царинската управа, примената на ваквите системи ќе овозможи и намалување на влијанието на човечкиот фактор, како една алатките за ефикасна борба против криминал и корупција.


